Измени на ЗРО за поголема заштита на правото на неделен одмор

МТСП подотвува измени на Законот за работните односи. Со законските измени, велат од МТСП, се овозможува создавање на законски решенија за поголема заштита на правото на неделен одмор, при што се дозволуваат исклучоци во определени дејности и се елиминираат можните злоупотреби во однос на обезбедување на користењето на ова право.

„Со Предлогот на закон, се овозможува подобро усогласување на приватниот со професионалниот живот, се врши создавање на законски решенија за поголема заштита на правото на неделен одмор и се елиминираат можните злоупотреби во однос на обезбедување на користењето на ова право“, образложуваат од МТСП.

М.В