/ Прочитано:

3.914

Измени во Законот за трговските друштва (собир на содружници, акционерски друштва и големи зделки)

Исто така, и во делот за акционерските друштва, за поканата и јавниот повик за свикување на собрание, во членот 387 ст. 5 се менува рокот од денот на објавувањето на јавниот повик, односно од денот на испраќањето на поканата за учество на собранието до денот на одржувањето на собранието, рок кој сега не може да биде пократок од 30 дена до денот на одржување на собранието, наместо претходниот рок кој не можеше да биде подолг од 50 дена ниту пократок од 21 ден.

Илустрација

Во измените и дополнувањата на Законот за трговските друштва, објавени во „Службен весник на РМ“ бр. 61/2016, се предвидени измени во делот на правните односи помеѓу содружниците, поконкретно во начинот за свикување и местото на одржување на собирот на содружници.

Имено, во членот 217 ст. 1 се скратува рокот што треба да измине од времето кога е пратена писмената покана за известувањето за одржување на собирот на содружници до одржување на собирот на содружници. Рокот, кој досега беше најмалку 30, со новата измена се скратува на најмалку 8 дена.

Исто така, и во делот за акционерските друштва, за поканата и јавниот повик за свикување на собрание, во членот 387 ст. 5 се менува рокот од денот на објавувањето на јавниот повик, односно од денот на испраќањето на поканата за учество на собранието до денот на одржувањето на собранието, рок кој сега не може да биде пократок од 30 дена до денот на одржување на собранието, наместо претходниот рок кој не можеше да биде подолг од 50 дена ниту пократок од 21 ден.

Во измените и дополнувањата на Законот за трговските друштва објавени во „Службен весник на РМ“ бр. 61/2016, во петтата глава, која се однесува на големите зделки и зделки со заинтересирана страна, се додава нов член, 456-а, кој освен измените во мнозинството на гласови во донесувањето на одлуките, нагласува дека членовите 455 и 456, кои се однесуваат на поимот голема зделка и на постапката за одобрување голема зделка, исто така се применуваат и на друштвата со ограничена одговорност, со исклучок на ДООЕЛ во кое содружникот истовремено е и управител.

ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА: Подобрување на правата на малцинските инвеститори