/ Прочитано:

368

Измените на Буџетот пред Комисијата за финансирање и буџет

„Во 2020 година БДП забележа пад од 4,5% на реална основа. Намалената економска активност е главно резултат на неповолните движења во второто тримесечје, кога реалниот БДП се намали за 14,9% на годишна основа, што се должи на ограничувачките мерки за спречување на ширењето на коронавирусот во земјата и влошеното меѓународно окружување, а се одрази врз активноста на голем дел од услужниот сектор, градежништвото и индустријата. Во третото и четвртото тримесечје падот на економската активност значително забави, односно е забележан пад од 3,3% и 0,7% соодветно, во услови на забавено темпо на пад на активноста во индустрискиот и услужниот сектор, односно поповолни движења на извозната и инвестициската активност и континуиран раст на јавната потрошувачка со цел справување со пандемијата. Падот на економската активност можеше да биде подлабок, според процените приближно двојно поголем, во отсуство на државната помош преку четири пакети на економски мерки со цел поддршка на претпријатијата и вработените во најпогодените дејности и на ранливите категории на население. Ваквата респонзивност на фискалната политика резултираше, пред се, со ублажување на падот на доходот, приватната потрошувачка и на вработеноста предизвикана од пандемијата, како и позначителен раст на јавната потрошувачка“, се вели во предложените измени на Буџетот.

М.В