/ Прочитано:

627

Измените на Буџетот пред Комисијата за финасирање и буџет

Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година е на дневен ред на собраниската комисија за финасирање и буџет.

„Во првото полугодие од 2020 година е забележан пад на домашната економската активност од 6,4% на годишна основа како последица на неповолните движења во второто тримесечје, што е одраз на ограничувачките мерки за спречување на ширењето на коронавирусот во земјата и падот на производството во индустриските капацитети како последица на влошеното меѓународно окружување и значителниот пад на надворешната побарувачка. Оттука, најтешко погодени се индустриското производство и одредени услужни дејности, како што се трговијата, транспортот и угостителството“, се вели во Предлогот.