/ Прочитано:

1.632

Измените на Законот за административни службеници пред Комисијата за политички систем

Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за административни службеници e пред собраниската Комисија за политички систем. Со предложената измена, се вели во измените, прецизно се уредува престанокот на работниот однос на административниот службеник по сила на закон, со исполнување на услови за старосна пензија.

„На административниот службеник му престанува работниот однос по сила на закон, ако:

– ја загуби работната способност со денот на доставувањето на правосилното решение за утврдување на загубената работна способност,

– му престане државјанството на Република Северна Македонија, со денот на доставувањето на решението за отпуст од државјанство на Република Северна Македонија,

– биде осуден за кривично дело во врска со службената должност, со денот на правосилноста на пресудата,

– му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност, со денот на правосилноста на пресудата,

– поради издржување на казна затвор во траење подолго од шест месеци, со денот на започнувањето на издржување на казната,

– наполни 64 години возраст и 15 години пензиски стаж,

– неоправдано отсуствува од работа најмалку три работни дена последователно во еден месец,

– се утврди дека при вработувањето премолчил или дал невистинити податоци во однос на општите и посебните услови за вработување,

– во рок од три работни дена не се врати на работа по завршувањето на неплатеното отсуство,

–  неоправдано отсуствува од работа најмалку пет работни дена во текот на една календарска година,

– органот на државната управа надлежен за инспекциски надзор во рок од една година утврди дека вработениот е вработен спротивно на одредбите од овој закон и

– други услови согласно со овој закон и посебните закони“, се пропишува во предложеното законско решение.

Предложени измени на Законот за административни службеници во врска со престанокот на работниот однос

Прекин на договорот за вработување кога работникот ќе наполни 64 години возраст, предлагаат група пратеници

М.В