/ Прочитано:

6.642

Измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата во собраниска процедура

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата е во собраниска процедура. Предлагач на Законот е Владата на РМ.

Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата ги уредува безбедноста и заштитата на патиштата, основните начела и меѓусебните односи на учесниците и другите субјекти во сообраќајот на патиштата; правилата на сообраќајот на патиштата; системот на сообраќајните знаци, опремата и сигнализацијата на патиштата; должностите во случај на сообраќајна незгода; кандидати за возачи, возачи, автошколи, испитни центри и возачки дозволи; оспособувањето за управување и стекнување право на управување со моторно возило и прекршочната постапка за деца; посебните мерки на безбедност; организацијата и задачите на советите за безбедност на сообраќајот на патиштата; евиденциите и заштитата на податоците; прекршочните одредби и овластувањата за подзаконски прописи.

„Имајќи ја предвид досегашната практична имплементација на законот, со предложените измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата се врши содржинско односно нормативно-правно и техничко подобрување на текстот, со цел доследна примена на конкретните законски решенија“, се вели во законското образложение. >>Текстот на Предлог-законот

M.В