/ Прочитано:

647

Измените на Законот за ДДВ пред Комисијата за финансирање и буџет

„Со Законот за данокот на додадена вредност е воведен данокот на додадена вредност како општ потрошувачки данок и се уредува неговото пресметување и плаќање. Со законот се определува: предметот на оданочување, даночната основа, даночните ослободувања, даночните стапки, времето на настанување на даночниот долг, даночниот должник, одбивката на претходниот данок, регистрацијата за целите на данокот на додадена вредност, административните обврски, плаќањето на данокот, како и казнените одредби.

Според постојните одредби во Законот за данокот на додадена вредност прометот и увозот на електрична енергија е предмет на оданочување според општата даночна стапка од 18%, а со цел да се овозможи пониска цени на граѓаните и намалување на нивните трошоци се предлага намалување на стапката од 18% на 5% за прометот и увозот електричната енергија за домаќинствата за период од денот на влегување во сила на овој закон до 30 јуни 2022 година, како и оданочување со даночна стапка од 10% за прометот и увозот на електрична енергија за домаќинствата за период од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година“, се вели во Предлог-законот кој е на дневен ред на собраниската комисија за финасирање и буџет.

Измените на Законот за ДДВ во врска со електричната енергија во собраниска процедура

Измени на Законот за ДДВ за пониски цени на електричната енергија

М.В