/ Прочитано:

1.744

Измените на Законот за ДДВ во собраниска процедура по скратена постапка

Владата ги поднесе  измените на Законот за ДДВ во Собранието. Предложениoт закон има цел да овозможи ослободување од плаќање данок на додадена вредност на добрата кои се увезуваат од страна на воените сили на други држави кои се членки на Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО).

Исто така се пропишува можност даночните обврзници кои се регистрирани за цели на данокот на додадена вредност да имаат право на одбивка на претходен данок со поседување на фискална сметка чиј вкупен промет не надминува 6.000 денари издадена во согласност со Законот за регистрирање на готовински плаќања.

Воедно, се врши зголемување на прагот за задолжителна регистрација за целите на данокот на додадена вредност од 1.000.000 денари на 2.000.000 денари.

„Според постојното законско решение, уредено со член 51 од ЗДДВ, сите даночни обврзници чиј вкупен промет во изминатата календарска година надминал износ од 1.000.000 денари или чиј вкупен промет се предвидува на почетокот од вршењето на стопанската дејност дека ќе го надмине износот или во текот на годината го надмине износот обврзани се за регистрација за данокот на додадена вредност. Притоa истите остануваат регистрирани најмалку во рок од пет календарски години, независно од висината на вкупниот промет. Заради намалување на административниот товар и поддршка на малите и средни компании во нивниот раст, заради намалување на административниот товар врз даночната администрација, како и зголемување на ефективноста и ефикасноста, се пропишува зголемување на прагот за задолжителна регистрација за целите на данокот на додадена вредност од 1.000.000 денари на 2.000.000 денари, притоа се пропишува скратување на периодот на останување во системот на данокот на додадена вредност од 5 на 3 години.

Со цел за усогласување на Законот за данокот на додадена вредност со новиот Закон за прекршоци се пропишуваат нови одредби кои се во насока на усогласување на постојните казнени, односно прекршочни одредби со Законот за прекршоци.“

Со укинување на сметкопотврдата се поедноставуваат процедурите

Измени во Законот за ДДВ за укинување на сметкопотврдата

Законски новини за легализацијата на бесправните објекти и за данокот на додадена вредност

Се зголемува прагот за ДДВ обврзник

Десктоп апликација на МојДДВ за скенирање и сторнирање на фискални сметки

Државната лотарија и УЈП ќе организираат наградна игра „Мој ДДВ, моја награда“

УЈП: Веб-апликацијата „МојДДВ“ за увид во износот на поврат и бришење на фискални сметки достапна за граѓаните

Граѓаните скениралe речиси 7 милиони фискални сметки

Сторнираните фискални сметки компаниите сами ќе ги пријавуваат во УЈП

УЈП: Симнете ја апликацијата ,,Мој ДДВ” и скенирајте ги фискалните сметки

Донесен Законот за враќање на дел од ДДВ на физичките лица

Законот за враќање на ДДВ на собраниска седница и пред Законодавно-правната комисија по скратена постапка

Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица во собраниска процедура

Презентиран Законот за враќање на 15% од ДДВ на граѓаните

Поврат на ДДВ: Само најбогатите домаќинства ќе можат да вратат една просечна плата

М.В