/ Прочитано:

788

Измените на Законот за инвестициски фондови пред Комисијата за европски прашања

Измените на Законот за инвестициски фондови се на дневен ред на Комисијата за европски прашања.

Предложените измени и дополнувања на Законот за инвестициски фондови ги имаат следните цели:

  • олеснување на условите за работа на инвестициските фондови,
  • зголемување на заштита на интересите на инвеститорите,
  • усогласување со Директивата 2009/65/ЕУ во врска со Друштва за колективно инвестирање во преносливи хартии од вредност.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за инвестициски друштва се заснова врз истите начела врз кои се заснова и постојниот закон. Основни решенија на предложениот закон се:

  • пропишување на почетниот капитал потребен за основање на друштво за управување со ИФ, како и сите дополнителни зголемувања на почетниот капитал,
  • бришење на обврската отворениот инвестициски фонд да прибере парични средства од најмалку 300.000 евра за да може да се основа и на обврската да ја одржува нивната висина,
  • воспоставување сеопфатен и ефикасен систем за управување со ризици за друштвото за управување и за инвестициските фондови со кои управува, соодветен на природата, видот и обемот на работењето на друштвото за управување, врз основа на пропишани и документирани стратегии и политика, со цел полесно и поефикасно управување со ризиците од една страна и заштита на интересите на вложувачите,
  • бришење на обврската на друштвата за управување со инвестициски фондови да доставуваат до Комисијата ревидирани полугодишни извештаи за друштвото и за инвестициските фондови со кои тоа управува, на обврските за објавување на проспекти во два дневни весника, како и обврските за одобрување на рекламните материјали од страна на Комисијата,
  • бришење на ограничувањето едно домашно и странско физичко и/или правно лице и со него поврзани лица да може да имаат квалификувано учество само во едно друштво за управување,
  • воведување обврска друштвото за управување и потенцијалниот купувач на удели во фонд со кој управува друштвото да склучат договор за  вложување, пред инвеститорот да пристапи кон купување на удели,
  • воведување обврска средствата на инвестициските фондови да се водат на посебна сметка, која друштвото за управување ќе ја отвoра во свое име, а за сметка на секој поединечен фонд,
  • уредување на постапката за статусни промени на инвестициските фондови – спојување и припојување на инвестициски фондови,
  • воведување на документ со Клучни информации за инвеститорите,
  • воведување на нови видови инвестициски фондови – главен фонд и фонд напојувач,
  • уредување на постапката за отворање на филијала на странско друштво за управување на територијата на РМ и воведување можност друштво за управување од РМ да може да врши работи на управување со инвестициски фондови преку стекнување на квалификувано учество во странско друштво или преку отворање на подружница односно филијала во странство,
  • намалување на минималното времетраење на приватниот фонд од осум на пет години,
  • се уредуваат случаите во кои се донесува одлука за ликвидација на отворените инвестициски фондови,
  • уредување на постапката на пренесување на управувањето со инвестициските фондови на други друштва за управување, како и начинот и постапката на преносот.

Измени на Законот за инвестициски фондови во собраниска процедура со европско знаменце

Измени на Законот за инвестициски фондови за зголемена либерализација

Измени на Законот за инвестициски фондови

М.В