Измените на Законот за јавните набавки во областа на одбраната во собраниска процедура
Измените на Законот за јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста се во собраниска процедура. Измените се поднесени со европско знаменце.
„Предложените измени и дополнувања на Законот за јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста првенствено се со цел да се допрецизираат и подобрат одредени одредби од постојното законско решение согласно со Директивата за јавни набавки во областа на одбраната и безбедноста.
Предлогот на закон се заснова на основните начела на Законот за јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста, а особено на начелата на економично и ефикасно искористување на јавните средства, како и успешно остварување на целите на своето работење во согласност со прописите кои го регулираат користењето на буџетските и другите јавни средства“, се вели во законското образложение.
Измените, исто така, имаат за цел во опфатот на законот да влезе и да се уреди начинот на проверка и потврдување на исполнетоста на условите за учество на економските оператори регистрирани во Република Северна Македонија во постапките за набавки за потребите на НАТО и нејзините земји членки. Со овие законски измени се отвора можноста економските оператори од Република Северна Македонија да учествуваат во постапките за набавки на НАТО под исти услови како и економските оператори од другите земји членки на организацијата.
Законски измени за економските оператори да учествуваат во постапките за јавни набавки на НАТО
М.В