/ Прочитано:

1.118

Измените на Законот за квалитет на амбиентниот воздух пред Комисијата за европски прашања

Измените на Законот за квалитет на амбиентниот воздух се пред Комисијата за европски прашања. Законските измени се во фаза на второ читање и се поднесени со европско знаменце.

Главна цел на Законот за изменување и дополнување на Законот за квалитет на амбиентниот воздух, се посочува во законското образложение, е воспоставување на јасен начин на подготовка на плановите за квалитет на воздухот и на краткорочните акциски планови, како и ефикасно спроведување на мерките за подобрување на квалитетот на воздухот.

Дополнителна цел е усогласување на прекршочната и инспекциската политика и овозможување на одмерувањето и изрекувањето на глобите.

„Република Северна Македонија се соочува со значајни проблеми во однос на квалитетот на амбиентниот воздух. Секоја година концентрациите на одредени загадувачки супстанции ги надминуваат граничните вредности пропишани во националната законска регулатива. Проблемот е евидентен во целата земја, а во поголем обем е присутен во урбаните населби. Генерално од досегашните анализи може да се каже дека појавата на надминување на граничните вредности за ПМ 10 (суспендирани честички од 10 микрометри) претставува најголем проблем, особено во зимскиот период, каде што се забележува значително покачување, односно концентрации за десетина и повеќе пати поголеми од пропишаната среднодневнa граничнa вредност.  За таа цел неопходно е спроведување на краткорочни и среднорочни мерки за намалување на загадувањето и подобрување на квалитетот на воздухот.

Постоечкиот начин на подготовка на плановите за квалитет на воздух на ниво на зона/агломерација е тешко применлив, и поради тоа со измените и дополнувањата на законот се појаснуваат надлежностите и процедурите за изготвување и усвојување на планови за квалитет на воздухот и на краткорочните акциски планови. Воедно, се утврдуваат критериумите за тоа кои ЕЛС се должни да подготвуваат и спроведуваат вакви планови.

Исто така, измените и дополнувањата на законот дефинираат и надлежности на одредени органи на државната управа со цел да се олесни спроведувањето на одредени краткорочни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот при надминување на прагот на алармирање. Дополнително, се даваат овластувања на други државни инспекторати за вршење надзор во спроведување на краткорочните мерки за подобрување на квалитетот на воздухот.

Покрај тоа, со измените и дополнувањата на Законот за квалитет на амбиентниот воздух се врши и усогласување на прекршочните одредби од овој закон со новиот Закон за прекршоците и со Законот за инспекциски надзор“, се вели во законското образложение.

 

Законските измени за заострени глоби од областа на животната средина на собраниска седница

Поднесена тужба поради непреземање мерки за справување со дивата депонија во Струга

Предложени измени на Законот за квалитет на амбиентниот воздух

Утврдени измените на повеќе закони од областа на животната средина

Законските измени за зголемени казни во областа на животната средина во собраниска процедура

До 20 пати поголеми казни за загадување на животната средина

Законски измени за намалување на глобите во Законот за јавна чистота

Измени на Законот за прекршоците за заострување на казните од областа на животната средина

Презентација на документот за јавни политики „Како до ефикасна и ефективна еколошка правда?“

Презентирана Анализата на празнини и недостатоци – предизвици и можности за институционалната и правната рамка на животната средина

Основање на Платформата за еколошка правда

Ќе се основа платформа за еколошка правда

Воспоставување ефикасна и ефективна еколошка правда

М.В