Измените на Законот за минерални суровини во собраниска процедура
„Целта на Предлог-законот е усогласување на одредбите од Законот за минерални суровини со одредбите од Законот за прекршоците и Законот за услуги, како и техничко подобрување на текстот на Законот.
Измените и дополнувањата на Законот, чие донесување се предлага, се засноваат на истите начела на кои се правеше Законот за минерални суровини. Предвидените решенија со измените на Законот чиешто донесување се предлага се и во насока на создавање на услови за доуредување на одделни прашања од областа на минералните суровини“, се посочува во Предлог-законот.
M.В