Измените на Законот за основното образование во собраниска процедура
Во собраниска процедура се измените на Законот за основното образование. Предлагач на измените е Владата.
„Една од целите на законот е да се подобри квалитетот на инклузивното образование преку допрецизирање на постапката за вработувањето на образовните асистенти, како и можноста да им се трансформира работниот однос од определено на неопределено време. Се пропишува и полагање на стручен испит на воспитувачи во основните училишта, што исто така ќе придонесе за подобрување на квалитетот на нивната работа. Дополнително со законот чие донесување се предлага, ќе се овозможи кариерно напредување на административните службеници во основните училишта. Предлог законот се заснова на истите начела на кои се заснова Законот за основното образование“, се вели во законското образложение.
М.В