/ Прочитано:

1.444

Измените на Законот за правда за децата и Законот за лобирање пред Комисијата за политички систем

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за правда за децата и Предлог-законот за лобирање се на дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Предложените законски решенија се во фаза на прво читање. Предлагач на законите е Владата.

Со предложените измени и дополнувања на Законот за правда на децата се овозможува доуредување на постапката за одобрување на барањето за бесплатна правна помош пред центрите за социјална работа за постапки кои се водат пред центарот за социјална работа и пред Министерството за внатрешни работи.

Основната цел на предложениот Закон за лобирање е транспарентност на процесите на подготвување, донесување и изменување на јавни политики, односно програми, закони, подзаконски или други општи акти. Целта на носењето на овој закон, се вели во законското образложение, е поефикасна превенција на корупцијата.

Новините во Предлог-законот за правда на децата, кој е во собраниска процедура

Законот за правда за децата ќе се усогласува со европската регулатива

Законот за правда на децата ќе се усогласува со Законот за бесплатна правна помош

Предложено дополнување на Законот за правда за децата по скратена постапка

Новиот Закон за бесплатна правна помош е успех за граѓанските организации вклучени во неговото креирање

Нов Закон за бесплатна правна помош за еднаков пристап до правдата

Министерството за правда најавува Предлог- закон за бесплатна правна помош

МЗМП: Во Собранието на РМ на иницијатива на неколку граѓански организации се одржа јавна расправа за Предлог – законот за бесплатна  правна помош

АКРМ: По реакциите на Адвокатската комора, Предлог-законот за бесплатна правна помош се враќа на доработка во Министерството за правда

Објавен текстот на Предлог-законот за лобирање, кој ќе овозможи влијание при донесувањето прописи

Во подготовка измени на Законот за лобирање

М.В