/ Прочитано:

935

Измените на Законот за ревизија пред Комисијата за финансирање и буџет

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ревизија е на дневен рад на собраниската Комисија за финансирање и буџет.  Предложените измени, кои се во фаза на второ читање, имаат цел да се воспостави надзор над сметководствената професија и над работењето на Институтот на сметководители и овластени сметководители од страна на Советот за унапредување и надзор на ревизијата.

Исто така, цел на Законот е и зголемување на рокот во кој субјектот на контрола има право на приговор по извештајот од спроведената контрола на квалитет и рокот во кој Управниот одбор на Институтот одлучува по приговорот.

Како што се посочува во законското образложение, основни решенија на законските измени се:

„Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија ќе биде надлежен и за надзор над сметководствената професија, при што соодветно се менува и неговиот назив во Совет за унапредување и надзор над сметководството и ревизијата на Република Македонија. Советот ќе биде составен од девет члена, од кои двајца ќе бидат овластени сметководители предложени од Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија и истиот ќе дава согласност на актите на Институтот и ќе врши надзор над неговото работење.

Рокот во кој субјектот на контрола ќе има право на приговор по извештајот од спроведената контрола на квалитет е осум дена од денот на приемот на извештајот, а рокот во кој Управниот одбор на Институтот ќе одлучува по приговорот е 30 дена  од денот на приемот.“

Законските измени за сметководствените работи, ревизијата и  јавниот  долг на владина седница

М.В