Измените на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер на собраниска седница
Измените на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер се на дневен ред на Собранието на РМ.
Со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер се обезбедува јавност и отвореност во работењето на имателите на информации (органите на државната власт и други органи и организации утврдени со закон, органите на општините, Градот Скопје и општините во Градот Скопје, установите и јавните служби, јавните претпријатија, правни и физички лица што вршат јавни овластувања, утврдени со закон), и им се овозможува на физичките и правните лица да го остваруваат правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.
„Во контекст на наведеното а согласно со заложбата на Владата на Република Македонија за зголемена транспарентност и отчетност во извршувањето на Буџетот на Република Македонија, со овој Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер се овозможува увид на јавноста во податоците за реализација на трансакции на сите буџетски корисници на Буџетот на Република Македонија, со кои што располага Трезорот на Министерство за финансии.
Целта на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е да се овозможи пристап на јавноста до податоци кои се однесуваат на плаќањата преку органот на државната управа кој е надлежен за трезорското работење“ се вели во законското образложение.
Се подготвува Предлог-закон за слободен пристап до информации од јавен карактер
Објавен текстот на новиот Предлог-закон за слободен пристап до информации од јавен карактер
M.В