Измените на Законот за судовите ќе бидат доставени до Венецијанската комисија
Владата одобри Министерството за правда да го достави Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за судовите до Венецијанската комисија, од која се очекува да даде мислење за предложените измени и дополнувања.
Министерството за правда пред десетина дена ги објави предложените измени на Законот за судовите. Донесувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите, се посочува во тестот на законските измени, произлегува од потребата за реформа на судството во Република Македонија, која е зацртана во стратешките документи за членство во ЕУ и НАТО, и од потребата за остварување на преземените обврски за спроведување на ефикасни и континуирани реформи во судството базирани на европските стандарди.
„Основната цел на предлагањето на овој закон е натамошно негово усогласување со забелешките дадени од страна на Венецијанската комисија и со насоките содржани во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, со кој се врши подобрување на текстот на законот, се врши ревидирање во делот на организацијата и надлежноста на судовите, се предвидуваат нови заострени критериуми за избор на судија, се врши редефинирање на основите за разрешување и за утврдување на одговорности, се предлага основање на Центар за координирање и управување со информатичко-комуникациски технологии во правосудството во рамките на Министерството за правда, чија основна надлежност е менаџирање со центрите за информатичка технологија во правосудните институции“, се наведува во законското образложение.
АКРМ СО БАРАЊЕ ДО ВЛАДАТА: Адвокатите да можат да бидат предложени во постапките за избор на судии
Објавен и текстот на предложените измени на Законот за Судскиот совет
М.В