Измените на Законот за судовите со европско знаменце влегоа во собраниска процедура
Владата на РМ го поднесе Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за судовите во Собранието на РМ. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за судовите во Собранието на РМ. Предлог-законот е со европско знаменце. Донесувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите, се вели во законското образложение, произлегува од потребата за реформа на судството во Република Македонија, зацртана во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, стратегиската цел на Република Македонија за членство во ЕУ и НАТО и потребата за остварување на преземените обврски за спроведување на ефикасни и континуирани реформи во судството базирани на европските стандарди.
Со последните изменувања и дополнувања на Законот за судовите беше извршено негово усогласување со измените предвидени во Законот за Судскиот совет на Република Македонија.
Основната намера на Владата на Република Македонија за членство во Европската Унија налага продолжување на реформите во областа на судството и негово натамошно унапредување.
Основната цел на предлагањето на овој закон е натамошно негово усогласување со забелешките дадени од страна на Венецијанската комисија за законите за дисциплинска одговорност и евалуација на судиите од декември 2015 година и со насоките содржани во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, со кои се врши подобрување на текстот на законот, се врши ревидирање во делот на организацијата и надлежноста на судовите, се предвидуваат нови заострени критериуми за избор на судија, се врши редефинирање на основите за разрешување и за утврдување на одговорности, се предлага основање Центар за координирање со информатичко-комуникациските технологии во правосудството во рамките на Министерството за правда, чија основна надлежност е утврдување приоритети, политики и координација на правосудните органи во информатичко-комуникациската технологија.
Со законските измени се предвидуваат и т.н. млади судии – нова категорија судии. Судија на основен суд со проширена надлежност со судиски стаж до две години може да одлучува само во постапки од членот 30 на Законот за судовите, се пропишува во предложените измени. Исто така, со законските измени се предвидува Основниот суд Скопје I Скопје и Основниот суд Скопје II Скопје да се преименуваат во Основен кривичен суд Скопје и Основен граѓански суд Скопје….Што се предвидува со најновите предложени измени на Законот за судовите, чиј текст го објави Министерството за правда
Пакетот закони од областа на правосудството усвоени на владина седница
Тркалезна маса за примената на процената на влијанието на регулативата врз Законот за судовите
Новините во Законот за прекршоците со кои се предвидува намалување на висината на казните
Одржана јавна расправа за нацрт-текстот на Предлог-законот за прекршоците
Измени на Законот за прекршоци чија цел е намалување на прекршочните глоби
Измени на Законот за прекршоци чија цел е намалување на прекршочните глоби
Компаниите бараат ревидирање на прекршочните санкции
Советот за реформи во правосудниот сектор дебатираше за Законот за кривичната постапка
Објавен текстот на новиот Предлог-закон за кривичната постапка
Во подготовка и Закон за јавното обвинителство и Закон за кривичната постапка
Адвокатот Оливер Вуксановиќ – еден од шестемина адвокати иницијатори за измени на ЗКП
ПРЕДЛОЖЕНИ ИЗМЕНИ НА ЗКП: Да се зајакнат правата на одбраната на осомничените
Објавен текстот на новиот Предлог-закон за кривичната постапка
Во подготовка и Закон за јавното обвинителство и Закон за кривичната постапка
Измените на Законот за судовите ќе бидат доставени до Венецијанската комисија
Законски измени за спречување на злоупотребата на АКМИС
Објавен и текстот на предложените измени на Законот за Судскиот совет
МЛАДИ СУДИИ – нова категорија судии која се воведува со измените на Законот за судовите
М.В