/ Прочитано:

1.712

Измените на Законот за супервизија на осигурувањето во собраниска процедура

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за супервизија на осигурувањето е во собраниска процедура.

Целта на донесувањето на Предлог-законот, посочуваат од Владата која е предлагач на Предлог-законот, е зајакнување на критериумите за соодветност на акционерите и членовите на органите на осигурителните друштва, воспоставување на функционален концепт за спроведување на испитот за стекнување на звањето актуар и прецизирање на случаите во кои Агенцијата за супервизија на осигурување може да преземе конкретни мерки.

Законот чие донесување се предлага се заснова врз истите начела врз кои се заснова Законот за супервизија на осигурувањето.

Основните решенија кои се предлагаат се следните:

– утврдување на единствени, унифицирани критериуми за акционери со квалификувано учество и членови на органи на друштвото за осигурување;

– спроведување на испитот за стекнување на звањето актуар од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување и

– прецизирање на случаите во кои Агенцијата за супервизија на осигурување може да презема конкретни мерки спрема друштвото.

Врз основа на одредбите од овој Закон произлегува потребата за донесување на следните подзаконски акти:

– Правилник за начинот на спроведување на стручниот испит потребен за работа како овластен актуар;

–  Правилник за бројот и тежината на прашањата од првиот дел од стручниот испит за вршење на осигурителни брокерски работи и стручниот испит за вршење на работи на застапување во осигурувањето и

– Програма за стручен испит за актуар.

М.В