/ Прочитано:

1.077

Измените на Законот за технолошки индустриски развојни зони во собраниска процедура

Група пратеници во Собранието на РМ поднесоа Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за  технолошки индустриски развојни зони, по скратена постапка.

„Во Законот за технолошки индустриски развојни зони се уредуваат погодностите за инвестирање во технолошките индустриски развојни зони, условите, начинот и постапката за основањето, развојот и работењето на технолошките индустриски развојни зони, дејностите кои се вршат во технолошките индустриски развојни зони и посебните услови за нивно вршење, стекнувањето со објекти, постапката за издавање на одобрение за градење, и постапката за давање под закуп на градежното земјиште во зоните на даватели на услуги од јавен интерес, како и постапката за потврдување на изградени, односно започнати со градба објекти кај кои не е утврден правниот статус во рамките на зоните, примената на царинските прописи во технолошките индустриски развојни зони, како и престанокот на работа на технолошките индустриски развојни зони и на корисникот на технолошките индустриски развојни зони.

Со овој Предлог на закон предлагаме да се овозможи давање на закуп на земјиште во технолошки индустриски развојни зони на домашно или странско физичко или правно лице кое склучува договор за закуп на земјиште во технолошко индустриска развојна зона на кое ќе изгради објект за потребите на корисник кој ќе врши дејност во согласност со овој закон“, посочуваат пратениците во законското образложение.

Целта за измените и дополнувањата на Законот, додаваат пратениците, е да се отворат нови можности во технолошките индустриски развојни зони со кои ќе се овозможат подобри услови за привлекување на нови странски инвестиции.

М.В