Измените на Законот за установите во собраниска процедура
Во собраниска процедура се измените на Законот за установите.
„Целта на овие измени на Законот за јавните установи е да се воспостави мерит процедура за селекција и назначување на членови на управните и на надзорните одбори во јавните установи и воведување транспарентност во постапката за пријавување и селекција.
Со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за установите се врши доуредување на одредбите со кои се оптимизира бројот на членови во управни и надзорни одбори во јавните установи и се воведуваат критериуми за вид на образование и компетенции при именувањето на членови на управните и надзорните одбори. Исто така, се воведува транспарентност во постапката за именување и можност за пријавување на повеќе заинтересирани кандидати за секое место.
Целта на подготовката на предложените измени е создавање соодветна правна рамка за подетално регулирање на критериумите за членови во управни и надзорни одбори во јавните установи во насока на обезбедување на квалитетно и ефикасно управување во интерес на граѓаните и нивните потреби“, се посочува во законското образложение.
Законот за установите ќе се усогласува со Планот за борба против корупцијата
М.В