Измените на Законот за внатрешни работи на владина седница
Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи 23. седница, на чиј дневен ред се повеќе точки од интерес за јавноста.
Како што соопшти владината прес-служба, на дневен ред се: Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи чиј предлагач е Министерството за внатрешни работи, Предлог-деловникот за изменување на Деловникот за работа на Владата на Република Македонија, чиј предлагач е Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, како и информацијата за Програмата за безбедност и здравје при работа, со Предлог-програма и Предлог-акциски план за спроведување на Стратегијата за безбедност и здравје при работа 2020, чиј предлагач е Министерството за труд и социјална политика.