Измените на Законот за заштита на населението од заразни болести на собраниска седница
Измените на Законот за заштита на населението од заразни болести се на дневен ред на денешната собраниска седница.
Законот за заштита на населението од заразни болести ги уредува мерките за спречување на појавата, рано откривање, спречување на ширењето и сузбивање на заразните болести и на инфекциите, правата и обврските на здравствените установи, правните и физичките лица, како и надзорот над спроведувањето на мерките, со цел на заштита на населението од заразни болести.
„Во услови за постоење на пандемија од коронавирус ковид-19 се наметна потреба од доуредување на законските решенија во насока на предвидување на здравствени установи во кои ќе се лекуваат лицата заболени од оваа заразна болест, како и нови поголеми овластувања за надлежните инспекциски служби да вршат инспекциски надзор над мерките наредени во согласност со членот 58 став 1 од овој закон.
Со донесувањето на новиот Закон за прекршоците се наметна потребата од ревидирање на прекршочните одредби на Законот за заштита на населението од заразни болести. За таа цел се предлага донесување на Предлог-законот“, се посочува во законското образложение.
Комисијата предлага нови мерки
Инспекциски совет: Уредбите и протоколите мора да се почитуваат
М.В