/ Прочитано:

746

Измените на Законот за здравствената заштита во собраниска процедура

 

Група пратеници во Собранието предложија измени на Законот за здравствената заштита по скратена постапка. Со Законот за здравствената заштита се регулирани прашањата кои се однесуваат на системот и организацијата на здравствената заштита и вршењето на здравствената дејност, загарантираните права и утврдените потреби и интереси на државата во обезбедувањето на здравствената заштита, здравствените установи, вработувањето, правата и должностите, одговорноста, евалуацијата, престанокот на вработувањето, заштитата и одлучувањето за правата и обврските на здравствените работници и здравствените соработници, квалитетот и сигурноста во здравствената дејност, коморите и стручните здруженија, рекламирањето и огласувањето на здравствената дејност, вршењето на здравствена дејност во вонредни услови и надзорот над вршењето на здравствената дејност.

Предложените измени и дополнувања на Законот за здравствената заштита ги содржат следните решенија:

– уредување на времето што треба да го одработи супспецијализантот во јавната здравствена установата што ја одобрила супспецијализацијата, како и висината на износот кој треба да го врати ако ја напушти установата по негово барање или вина,

–  меѓусебните права и обврски на супспецијализантот и јавната здравствена установа која ја одобрила супспецијализацијата ќе се уредат во согласност со одредбите од овој закон.

„Со овој предлог-закон се доуредуваат одредбите од законот кои се однесуваат на меѓусебното регулирање на правата и обврските помеѓу супспецијализантите и јавната здравствена установата која ја одобрила супспецијализацијата. Со предлог-законот се намалува времето кое супспецијализантот треба да го одработи во установата кој ја одобрила супспецијализацијата, а исто така се намалува и висината на средствата што супспецијализантот треба да ги надомести ако по негово барање или вина предвреме ја напушти установата што го упатила на супспецијализација.

Исто така, со ова законско решение се допрецизираат одредбите кои се однесуваат на програмата за кофинансирање на специјализацијата, односно супспецијализацијата на здравствените работници вработени во приватните здравствени установи, други правни лица и невработени, односно се намалуваат средствата што специјализантот кој по негова вина или барање нема да ја исполни обврската превидена во членот 150-г  од Законот за здравствената заштита и да му ги надомести средствата на Министерството за здравство одвоени од програмата за кофинансирање за неговата специјализација, односно супспецијализација.

Со предложениот закон исто така им се дава можност на супспецијализантите кои склучиле договор со јавната здравствена установа којашто ја одобрила супспецијализацијата да ги регулираат меѓусебните права и обврски согласно одредбите од овој закон“, се вели во законското образложение.

Измените на Законот за здравствена заштита пред собраниските комисии

Измените на Законот за заштита на правата на пациентите во собраниска процедура

М.В