/ Прочитано:

1.005

Измените на Законот за земјоделското земјиште пред матичната собраниска комисија

Измените на Законот за земјоделското земјиште се на дневен ред на матичната собраниска комисија. Целта на Предлог-законот е изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште заради доуредување на постојните законски одредби и воведување на нови законски решенија кои се однесуваат на рационално користење на земјоделското земјиште, негова заштита, како и воведување на нови поими и доуредување на одредени постапки.

Образложението на законските измени во целост:

„Измените и дополнувања во Законот за земјоделското земјиште се во насока на доуредување на постоечките законски решенија кои ја регулираат оваа  материја, и тоа во однос на можноста за градење на земјоделско земјиште уште со два типа на објекти кои ќе овозможат од една страна на реализација на договорите за закуп а од друга страна ќе ги задоволат потребите на физичките и правни лица за поефикасна постапка за добивање на одобрение за градење кои ќе придонесе истовремено и зголемена можност за рурален развој, понатаму да се прошири намената на земјоделско земјиште за кое може да се додели во закуп со можност и за поставување на пчелни семејства како и со можност за одгледување на насад во случај кога се доделува земјиште под насад, да се афирмира вршењето на земјоделска дејност од страна на млади лица преку  поволност за таканаречените млади земјоделци на начин што се пропишува за земјоделското земјиште во државна сопственост кое по пат на јавен оглас или јавен повик ќе се додели во закуп на физичко лице на возраст до 40 години или на трговско друштво со управител или извршен директор на возраст до 40 години, обврската за плаќање на закупнина од страна на закупецот настапува три години по влегувањето во сила на договорот за закуп, да се овозможи на земјоделските стопанства да можат да аплицираат  на огласи за закуп земјоделски земјишта сè до обезбедување на фонд од 10 хектари, се пропишува можноста за склучување на договор за закуп со второрангиран понудувач во постапките за давање на земјоделското земјиште во закуп во случај кога прворангираниот нема да го склучи договорот или нема да достави банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот како и обврска за надомест на штетата од страна на избраните понудувачи кои не го склучиле договорот за закуп, се предлага алтернативна можност за закупците да наместо банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот да обезбедат депозит на сметка на буџетот на Република Македонија со што би се избегнале трошоците за банкарска гаранција, се предлага можност за промена на првично доставениот бизнис план кога реализацијата на истиот е неизвесен од причини што закупецот не е воведен во владение на целата површина за кој аплицирал или е воведен подоцна поради правни или фактички пречки за кој не е виновен закупецот, истовремено се предвидува можност и за промена на земјоделската култура предмет на договорот но само со култура која не влијае на времетраењето на договорот и на планираните инвестиции и вработувања и под услов тоа да е поткрепено со извештај за оправданост на промената изготвен од страна на научна институција од областа на земјоделството.

Исто така се увиде потреба од уредување на постапките по определени затекнати состојби, како што е можноста за склучување на договор за закуп со физичките и правните лица на кои поради неплатена закупнина им е раскинат договорот за закуп, а земјоделското земјиште предмет на договорот е сè уште во нивно владение под услов да достават доказ за платена закупнина со казнена камата за задоцнето плаќање за целиот период на важење на договорот, доказ за платен надомест на штета во висина на годишната закупнина за периодот за кој земјоделското земјиште го владееле без договор и записник од извршен инспекциски надзор за владение на земјиштето за кое се бара склучување на договорот. Исто така се предвидува можност за воведување во владение на закупци кои имаат склучено договори за закуп а и по истекот на една година сè уште не се воведени во владение, под услов да не постојат правни и фактички пречки за воведување во владение.

Понатаму се предлага нов рок за легализација на бесправно подигнати оранжерии, помошни објекти и објекти за примарна обработка на земјоделски производи.

Истовремено Законот се усогласува со Законот за прекршоците и Законот за урбанистичко планирање.“

Законски измени за поголема правна сигурност на учесниците во постапките за закуп на земјоделско земјиште

Во подготовка измени на Законот за земјоделското земјиште

М.В