/ Прочитано:

2.420

Извештај на Фридом хаус: Влошена оценката за демократското владеење во Македонија

Оценките во извештајот се движат од 1 до 7, со тоа што земјите оценети со 1 се најдемократски земји, додека оние оценети со 7 се најмалку демократски. Оценката за Македонија во однос на демократското владеење е влошена, односно демократското владеење во земјава е оценето со 5, а главна причина за тоа, според извештајот на Фридом хаус, се: ескалацијата на политичката криза предизвикана од претседателските аболиции, недостатокот од политички дијалог и контроверзното и конфликтно функционирање на политичките институции.

Македонија има влошена оценка според годишниот извештај на Фридом хаус, насловен „Земји во транзиција 2017“. Степенот на демократијата, како што стои во извештајот,  е на сосема исто ниво како тоа во 2001 година, а најголемо влијание за падот на демократијата имаат внатрешната политичка криза и глобалниот раст на популизмот.

Оценките во извештајот се движат од 1 до 7, со тоа што земјите оценети со 1 се најдемократски земји, додека оние оценети со 7 се најмалку демократски. Оценката за Македонија во однос на демократското владеење е влошена, односно демократското владеење во земјава е оценето со 5, а главна причина за тоа, според извештајот на Фридом хаус, се: ескалацијата на политичката криза предизвикана од претседателските аболиции, недостатокот од политички дијалог и контроверзното и конфликтно функционирање на политичките институции.

Постојаното презакажување на редовните избори и постоењето изборни нерегуларности се фактори кои имаат негативно влијание врз слободата на изборниот процес, па во овој однос Македонија има оценка 4. Поради големото политичко влијание врз судството и опструкциите врз работата на Специјалното јавно обвинителство, судството и неговата независност во Македонија во извештајот на Фридом хаус се оценети со 4,75.

Во овој извештај се наведува и дека во Македонија нема слобода на медиумите, односно дека државата сè уште има контрола врз најголем дел од медиумите, што, како што пишува Фридом хаус, го попречува демократскиот пат на Македонија.

Во текот на 2017 година, како што предвидува извештајот, демократизацијата во Македонија и патот до Европската Унија ќе зависат од способноста на државата да ги примени системските реформи во најчувствителните области.

„За да се случи ова, Македонија мора да формира стабилна влада, која ќе биде насочена кон реализација на реформите. Работата на СЈО ќе биде многу важна за враќање на владеењето на правото и повторното разгорување на борбата против корупцијата. Граѓанското општество, повторно оживеано преку ‘Шарената револуција’, може да има многу конструктивна улога доколку постои простор за акција“, се наведува во извештајот на Фридом хаус.

Според извештајот на Фридом хаус, освен во Македонија, уште во четири балкански држави опаднала оценката за демократија, додека само две држави имаат подобра оценка.

Иако има напредок во преговорите за влез во Европската Унија, влошени оценки има и Србија, а според извештајот, таа е на исто ниво на кое беше земјата во 2003 година. Косово има позитивни промени, а се движи од полупризнаен авторитарен режим, во категоријата транзициски/хибриден режим.

„Антидемократските популисти во Централна и Источна Европа и на Балканот ги зацврстуваат своите позиции, како резултат на отпочнување на процесот на Брегзит и изборот на Доналд Трамп за претседател на САД. Популизмот во раст се комбинира со суров етнички национализам, на начин на кој тоа е закана за мирот во Европа“, вели Нејт Шенкан, проектен директор на извештајот „Нации во транзиција 2017“.

А. Б.