/ Прочитано:

1.727

ИЗВЕШТАЈ НА СОВЕТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ: Претставки од обвинети за нестручно постапување на јавни обвинители

Обвинетите лица, како подносители на претставките, се незадоволни што против нив се водат кривични постапки, сметаат дека обвиненијата против нив се тенденциозни и се резултат на нестручно постапување на јавните обвинители.

????????????????????????????????????

Советот на јавни обвинители го достави Годишниот извештај за својата работа за 2015 а до Собранието на Република Македонија.

Освен воведните одредби за начинот на функционирање на Советот на јавните обвинители, во Извештајот се наведени информации: за начинот на работа во текот на извештајниот период, за изборот и за престанокот на функцијата јавен обвинител, за етничката и за половата припадност на избраните јавни обвинители во Република Македонија, за постапување по претставки, за поплаки и за други поднесоци, за соработката на Советот со државни органи и институции и меѓународна соработка, за организационата и кадровската состојба во Советот и за материјалните услови за работа.

Во 2015 година Советот одржал 29 седници каде што најчесто се одлучувало за избори и разрешувања на јавните обвинители како и за други настани и активности во јавнообвинителската организација.

Исто така, во 2015 година, Советот објавил 5 огласи на кои се пријавиле 44 кандидати, а откако на 15. 09. 2015 година беше донесен Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела кои се поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, Советот на седниците избрал 17 јавни обвинители од кои 1 јавен обвинител кој раководи со Јавното обвинителство за гонење на кривични дела кои се поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (Специјално јавно обвинителство) и 12 јавни обвинители во ова јавно обвинителство.

Во однос на половата припадност на избраните јавни обвинители во Република Македонија, избрани се вкупно 95 мажи и 106 жени, а во однос на етничката припадност во 2015 година избрани се 155 Македонци, 33 Албанци, 5 Срби, 2 Турци, 1 Влав, 1 Црногорец и 2 Бошњаци.

Од вкупно 166 претставки во 2015 година, најголемо учество со поднесени 147 претставки или 89 % заземаат физички лица, од кои 138 се од оштетени лица, 7 од обвинети лица и 2 од т.н. заинтересирани лица кои немат статус на учесник во кривичната постапка.

Во 72 случаи, претставките се однесуваат на работата на јавните обвинители, а во 94 изразено е незадоволство од работата на јавните обвинителства, и тоа:

  • 8 за Јавно обвинителство на РМ:
  • 10 за Вишите јавни обвинителства:
  • 8 во Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, и
  • 140 за Основните јавни обвинителства

Oштетените граѓани и правните лица се незадоволни заради наводно непостапување по поднесени кривични пријави од нивна страна, а особено од донесените решенија за отфрлање на кривичните пријави. Исто така, забележан е случај на откажување од гонење на јавен обвинител на главна расправа заради што оштетените не биле во можност да го продолжат гонењето. Заради недостиг на јавни обвинители во Основните јавни обвинителства, како што е и претходно наведено, се забележува зголемување на неажурноста во истите.

Обвинетите лица, како подносители на претставките, се незадоволни што против нив се водат кривични постапки, сметаат дека обвиненијата против нив се тенденциозни и се резултат на нестручно постапување на јавните обвинители.

Советот во 2015 година постапувал и по 228 други поднесоци, што во однос на 2014 година кога се евидентирани 358 поднесоци, претставува намалување во обемот на работата по тој основ за 130 поднесоци.

Во 2015 година, Советот има оставрено најдиректна соработка со Јавните обвинителства, со секојдневни контакти и непосредни средби по разни основи, со Академија за судии и јавни обвинители, во чии органи како што се Управниот одбор и Програмскиот совет, учествува со свои членови. Значајно е да се обележи и соработката со Министерството за правда каде што членовите на Советот учествуваат во повеќе комисии.

Советот соработуваше со Судскиот совет, Врховниот суд, Здруженијата на јавните обвинители и судии и со други државни органи и институции, а што се однесува до меѓунаордната соработка, Советот нема реализирано таква активност.