/ Прочитано:

2.107

ИЗВЕШТАЈ НА СУДСКИОТ БУЏЕТСКИ СОВЕТ: Недостиг од компјутерска опрема и од соодветни просторни услови за работа во судовите

Состојбата со опременоста на судовите, според извештаите на судовите, укажува дека тие се соочуваат со проблеми кои дополнително им ја отежнуваат работата на судските единки. Имено, информатичката технологија со која располагаат судовите е застарена. Таа не е обновена и надополнета подолго време поради што компјутерите се веќе амортизирани и се склони на почести дефекти, стои во Извештајот на Судскиот буџетски совет.

Судски совет, седница

Стратешките приоритети и целите на буџетирањето на судската власт ги вклучуваат независното донесување на судските одлуки, примената на модерни и иновативни судски постапки, исклучителните технолошки подобрувања во работењето и, конечно, одговорноста при трошењето на буџетските средства. Ова се наведува во Извештајот на Судскиот буџетски совет за 2015 година.

Во текот на 2015 година, СБС одржал 7 седници, на кои биле донесени одлуки во врска со распределбата на буџетот наменет за судската власт и неговото извршување.

Како дел од позначајните одлуки, кои ги донел Судскиот буџетски совет во 2015 година, се наведени оние за набавка на фиксна телефонија за единките корисници на судската власт, за набавка на интернет-услуги за единките корисници на судската власт, за платите и надоместоците за судската власт и судската администрација, за јавните набавки и слично.

„Вкупниот буџет на судската власт за 2015 година изнесуваше 1.853.691.000 денари. Предлогот на  буџетското барање на судската власт за 2015 година изнесуваше 2.305.500.000 денари, што значи одобрените средства со буџетот за 2015 година не беа доволни за нормално и ефективно работење на единките корисници на судската власт. Во текот на годината беше извршен ребаланс на Буџетот на Република Македонија и судскиот буџет беше зголемен за 4.670.000 денари односно за 0,25% или во апсолутен износ 1.858.361.000 денари“, се наведува во Извештајот.

tabela vkupen budzet

Бројот на вработените и нивната квалификациона структура

На ден 1.1.2015 година во судската власт биле вработени 3 001 лицe, а на ден 31.12.2015 година биле вработени вкупно 3 090 лица, од кои:  13 како членови на Судскиот совет, 579 судии, 2 103 судски службеници, 185 лица како судска полиција и помалку луѓе во другите сектори.

Од табелата на СБС се забележува дека бројот на судиите е во постојан пад од 2012 година, кога имало 672 судии, додека расте бројот на судските службеници, чиј број во 2012 изнесувал 1 959.

Табела на вработени во судската власт

Во 2015 година во судската власт биле вработени 2 498 државни и судски службеници (состојба 31.12.2015 година). Вработените во судската администрација вршат стручни, управно-надзорни, административно-технички, извршни и други работни задачи за процесирање на предметите во работа во судовите.

Според податоците, повеќето од вработените се жени, односно 1 552 наспроти 946 мажи, а, како што е наведено во Извештајот, опфатени се сите етнички структури.

Во текот на 2015 година во судската власт се реализирале 223 вработувања.  И покрај овие вработувања, состојбата на недостиг од соодветен потребен кадар во судството била присутна во текот на годината. Тоа се однесува на:

– раководен кадар кој ќе му помага на претседателот на судот, односно судскиот администратор, во раководењето со судската служба и во вршењето на работите од судската управа (раководители на служба, раководители на судски оддел, раководители на судско одделение, раководители на одделение и сл.);

– потребен стручен и административно-технички кадар коj е директно во функција на судиите и остварувањето на нивната функција (стручни соработници, дактилографи, раководители на оддели, преведувачи, доставувачи, вработени во писарница и сл.);

– стручни кадри од областа на човечките ресурси, внатрешна ревизија, јавна внатрешна финансиска контрола, стратешко планирање и сл. Односно се работи за кадри кои не се директно во функција на судиската функција, но кои според современите текови на функционирање на институциите се наметнуваат како потреба, се наведува во Извештајот.

Судскиот буџетски совет констатира дека судовите се сместени во згради стари повеќе децении, од кои најстар е објектот во кој е сместен Основниот суд во Кавадарци, кој датира од 1935 година,  додека најновиот објект датира од 1989 година.

Состојбата со опременоста на судовите, според извештаите на судовите, укажува дека тие се соочуваат со проблеми кои дополнително им ја отежнуваат работата на судските единки. Имено, информатичката технологија со која располагаат судовите е застарена. Таа не е обновена и надополнета подолго време поради што компјутерите се веќе амортизирани и се склони на почести дефекти, стои во Извештајот на Судскиот буџетски совет.

Обем на работа на судските единки

Во периодот од 1.1.2015 до 31.12.2015 година, во судовите опфатени се вкупно 658.038 предмети во работа, од кои поголемиот дел се кривични предмети, а помалку застапени се граѓанските предмети.

Заклучоци за успешноста во операционализацијата на судскиот буџет за 2015 година

Во дел од заклучоците на СБС се наведува дека поради недоволно обезбедени средства во буџетот на судската власт, единките корисници на судската власт не биле во можност да постапат по одредени обврски кои се законски дефинирани:

– замена на компјутерската опрема во рок во согласност со амортизираноста на опремата;

– надградба на софтверските програми од средства на судскиот буџет;

– дејствија што треба да се преземат за заштита на личните податоци, во согласност со Законот за заштита на лични податоци, кои поради недоволно обезбедени средства во буџетот судовите не можат да ги реализираат;

– не се извршени систематски прегледи на вработените во судската власт (освен во Академијата за судии и јавни обвинители);

– не се обезбедени средства за набавка на опрема и оружје на судската полиција;

– не се врши редовно тековно одржување на различните системи на инсталации и други постројки во судските згради;

– не се изврши воведување на системи за управување со квалитетот во работењето на единките корисници на судската власт (освен во Судскиот совет на РМ, во Врховниот суд на РМ, во четирите апелациони судови и во Академијата за судии и јавни обвинители) и др.

Извештајот е потпишан од поранешниот претседател на Судскиот совет и Судскиот буџетски совет Бранко Ушковски.

М. С.