ИЗВЕШТАЈ ЗА 2015 ГОДИНА: Кривичниот суд решил 80 634 предмети
Во Одделот за кривично организиран криминал во Кривичниот суд во 2015 година биле примени 101 предмет, а од 2014 година биле пренесени вкупно 94 нерешени предмети. Од вкупниот број на предмети кои биле во работа, односно 225 предмети, 133 биле завршени, а нерешени останале 92 предмети.
Според годишниот извештај за работа, Кривичниот суд во Скопје во текот на 2015 година во работа имал 122 745 предмети, од кои 80 634 предмети биле решени во извештајната година, а како нерешени предмети останале 42 111 предмети, што, според статистиката на Судот, претставува намалување на приливот на нерешени предмети од претходните години.
Во Одделот за кривично организиран криминал во Кривичниот суд во 2015 година биле примени 101 предмет, а од 2014 година биле пренесени вкупно 94 нерешени предмети. Од вкупниот број на предмети кои биле во работа, односно 225 предмети, 133 биле завршени, а нерешени останале 92 предмети.
„Во врска со покажаниот квалитет во решавањето на предмети во овој оддел, во извештајниот период, од вкупниот број на решени предмети обжалени се 87 предмети или 65,41 %, од кои 67 предмети се потврдени или 77,01 %, 11 предмети се укинати или 12,64 %, а преиначени се 4 предмети или 4,60 % и 5 предмети се делумно укинати или 5,75 %“, се наведува во извештајот на Судот.
Во 2015 година Кривичниот суд во работа имал 6 089 кривично полнолетни предмети, од кои решил 4 127, а останале 1 962 нерешени предмети. Од вкупниот број на нерешени предмети кои преминале од 2014 година биле 2 360 предмети, додека новопримени во 2015 година биле 3 218 предмети.
„Што се однесува до квалитетот на решените предмети во овој оддел, од вкупниот број 4 127 предмети, завршени во текот на 2015 година, Апелациониот суд постапувал во 797 предмети, (од кои 402 одлуки обжалени во текот на 2015 година и 395 одлуки од предмети по кои второстепениот суд не постапил во текот на 2014 година ), што претставува 19,31 % на обжалени одлуки во рамките на календарската година. Од вкупниот број на обжалени одлуки, 797, во извештајната година 136 одлуки се укинати, односно 17,06 % . Но на вкупниот број на решени предмети во овој суд, 4 127, завршени во 2015 година, процентот на укинати изнесува 3,29 %, што, имајќи ја предвид ваквата статистика, одлуките на овој суд во 96,71 % биле правилно донесени, односно странките биле задоволни од одлуките и не ги обжалиле, а повисокиот суд во оние одлуки кои ги преоценувал ги потврдил, што претставува една од најдобрите статистички податоци за оценка на квалитет на одлуките на Основниот суд Скопје 1 Скопје“, велат од Судот.
Што се однесува до останатите предмети, од вкупниот број обжалени одлуки, 797, повисокиот суд потврдил 537 одлуки, односно 67,37 %, 9 одлуки се делумно укинати или 1,12 %, 115 одлуки се преиначени или 14,43 %, со напомена дека одлуките се преиначени само во поглед на висината на изречените кривични санкции од ист вид. Во контекст на наведеното, одлуките всушност се со квалитет на потврдени одлуки, што значи во процент вкупно 67,37 %.
Во текот на 2015 година во Одделот за прекршоци примени се вкупно 21 213 прекршочни предмети, од кои: 17 178 се од областа „сообраќај“, 2 077 се од областа на „јавниот ред и мир“, 1 504 се од областа „останато“ и 454 предмети се „прекршочни предмети за малолетници“. Со заостатокот од претходниот извештаен период, од вкупно 28 409 предмети овој оддел во текот на 2015 година работел со вкупно 49 622 предмети. Во тековната година решени се вкупно 22 260 предмети, а останале нерешени 27 362 предмети, што претставува задоволителен резултат, со оглед на зголемениот прилив за разлика до претходната година, како и тешкотиите со кои се соочуваше овој оддел во изминатиот период.
Што се однесува до квалитетот на одлуките на овој оддел, во извештајната година биле обжалени 1 281 предмети или 5,74 %, што претставува минимален процент на обжалени одлуки, а во однос на другите одлуки граѓаните биле задоволни од одлуката на судот.
Според генералната оцена, како што наведуваат од судот, изминатата 2015 година ја завршиле со значителни резултати во надминување на приливот на предмети, решавање на предмети кои се водат по стариот Закон за кривична постапка, како и воведување новитети со кои им се олеснува пристапот на граѓаните при остварување на нивните права, за што од Судскиот совет на Република Македонија го оценил судот како ажурен.