Извештај за работата на Уставниот суд на Институтот за човекови права
Институтот за човекови права ја набљудува работата на Уставниот суд во рамки на проектот „Уставниот суд – заштитник на владеењето на правото“ овозможен со поддршка од Кралството Холандија.
Овој извештај се однесува на периодот од 1 февруари 2020 до 30 април 2021 година.
Во периодот од 1 февруари до 30 април 2021 година Уставниот суд на РСМ одржал вкупно 9 седници. Деветтата седница на Судот, одржана на 25.3.2021 година, е прекината, а продолжението на истата се одржа на 15.4.2021 година.
При разгледувањето на сработените предмети на Уставниот суд, во периодот на известување, согледуваме дека во работа имал вкупно 57 предмети, од кои 51 иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на закон или уставноста и законитоста на друг пропис и 5 барања за заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот. Кај 5 предмети одлучувањето било одложено. Сите иницијативи се поднесени од други подносители, а ниту една постапка за оценување на уставноста и законитоста не е започната по иницијатива на Судот. Дополнително, Судот не расправал по ниту еден предлог за решавање на судир на надлежности.
Целосниот извештај е достапен тука.
Кацарска: Уставниот суд ќе биде транспарентен – јавноста мора да знае за неговата работа
М.В