Извештајот на Омбудсманот, во кој се нотира партиски реваншизам и недоверба кон судството, пред Комисијата за политички систем
Годишниот извештај за човековите слободи и права на Народниот правобранител, во кој се нотира партиски реваншизам и голема недоверба во судството, е на дневен ред на собраниската Комисија за политички систем.
„Продолжува праксата на ‘партиски реваншизам’ по спроведување на кои било избори, што особено беше видливо во сферата на образованието и детската заштита, како при изборот на кандидати за вработување така и при трансформацијата на работниот однос на вработените од определено на неопределено време, и во однос на продолжување на договорите за работа“, се истакнува во извештајот.
Според податоците на Народниот правобранител, граѓаните најголема недоверба имаат во судската власт, а најмногу се жалеле за траењето на постапките и за судските одлуки, за кои сметале дека се селективни и пристрасни.
„Ако се погледнат статистичките податоци за 2018 година, тогаш неспорна е констатацијата дека судството во континуитет создава проблеми за остварувањето на правата на граѓаните, односно во почитувањето на принципот на владеење на правото. Како и минатата година, граѓаните најголема недоверба искажуваа токму кон оваа власт, која во најмала рака претставува темелен столб на едно демократско општество“, се вели во извештајот.
Анкета „Што мислат граѓаните за Народниот правобранител“
Извештајот на Народниот правобранител, во кој се нотира партискиот реваншизам, е пред пратениците
НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ: Граѓаните најголема недоверба имаат во судството
М.В