/ Прочитано:

299

Известувања за почеток на подготовка на повеќе прописи поврзани со железничкиот сообраќај и железничкиот систем

Денес на ЕНЕР се објавени известувања за почеток на процесот на подготовка на повеќе прописи поврзани со железничкиот сообраќај и железничкиот систем, и тоа: Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за железничкиот систем; Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за сигурност во железничкиот систем; Предлог на Законот за основање на Агенцијата за истражување на несреќи и сериозни инциденти во воздушниот, внатрешниот воден и железничкиот сообраќај; Предлог на Закон за основање на Агенцијата за безбедност во железничкиот систем и Предлог на Закон за интероперабилност во железничкиот систем.

Како што стои во известувањата, временската рамка за изготвување на предлог-законите е од денес, 7 ноември до 14 ноември 2022 година.