/ Прочитано:

2.084

Известување до ОИК за постапување со болни и немоќни лица

Во точката 1 според Упатството за примена на членот 111 ставови 1, 2 и 3 од Изборниот законик е наведено точно што се подразбира под болно и немоќно лице – неподвижно, потполно слепо, заболено од дистрофија или сродни мускулни или нервномускулни заболувања, церебрална парализа или детска парализа или параплегија. За ова, според точката 4 од Упатството, општинската изборна комисија може да консултира доктор специјалист за читање на дијагнозите по доставените барања.

Државна изборна комисија

Се известуваат општинските изборни комисии дека:

1. Според Упатството за примена на членот 111 ставови 1, 2 и 3 од ИЗ во точката 1 е наведено точно што се подразбира под болно и немоќно лице – неподвижно, потполно слепо, заболено од дистрофија или сродни мускулни или нервномускулни заболувања, церебрална парализа или детска парализа или параплегија. За ова, според точката 4 од Упатството, ОИК може да консултира доктор специјалист за читање на дијагнозите по доставените барања.

2. Во точката 2 од Упатството е наведено дека со барањето се доставува, во оригинал или копија, и медицински доказ или решение за користење туѓа нега од трето лице, што значи дека ако е доставено решение за туѓа нега, барањето треба да биде одобрено бидејќи Комисијата која го донела решението веќе ја разгледала медицинската документација, и за вас, како ОИК, е доволно да има решение за туѓа нега, кое е во важност. Нагласувам дека решението за туѓа нега треба да биде важечко.

3. Општинската изборна комисија може да ангажира доктор специјалист, при што е потребно Комисијата да изготви соодветна документација за неговото ангажирање. Ангажираното лице исто така треба да биде потпишано на документацијата.

4. На ангажираниот доктор специјалист му следува надоместок во согласност со позитивните законски прописи.