Известување на Адвокатската комора во врска со коморската членарина за 2021 година
„Се известуваат адвокатите дека заклучно со 31 март се должни да ја намират обврската за плаќање коморска членарина за 2021 година, која изнесува 6.000 денари.
Во согласност со Законот за адвокатура и актите на Комората, адвокатот е должен редовно да ѝ уплаќа коморска членарина на Адвокатската комора на Република Северна Македонија од денот на упис во Именикот на адвокатите.
Апелираме до адвокатите кои имаат неплатени обврски на име коморска членарина да ги намират во најбрз можен рок. Во спротивно, Адвокатската комора ќе поведе постапки за одземање на лиценците на оние адвокати кои не уплатиле коморска членарина.
Доколку ви се потребни повеќе податоци и информации во однос на неплатени обврски на име членарина, обратете се до стручната служба на Адвокатската комора на РСМ на е-пошта: lawyermk@mba.org.mk“, соопштуваат од Комората.
Повеќе за податоците кои треба да се содржани во уплатницата на следниот линк.