/ Прочитано:

1.395

Известување на УЈП до вршителите на самостојна дејност

Управата за јавни приходи ги известува даночните обврзници кои остваруваат доход од вршење на самостојна дејност, дека на системот ,,е- Персонален данок,, е поставено Барањето за ослободување од плаќање на месечните аконтации на данокот на личен доход.

Користењето на правото се однесува на даночните обврзници кои остваруваат доход од самостојна дејнoст, а кои имаат претрпено штети во своето работење поради спроведување на мерките за спречување на внесување и ширење на ковид-19 на Владата на Република Северна Македонија доколку ги исполнуваат следните услови:

  • даночниот обврзник – работодавач да не го намали бројот на вработени за времетраење на користењето на ослободувањето од плаќање на месечните аконтации на данокот на личен доход остварен од вршење на самостојна дејност во однос на бројот на вработени заклучно со 30 ноември 2020 година, освен во случаите на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработените;
  • вкупните приходи од редовното работење на даночниот обврзник да се намалени за најмалку 30% во периодот април – септември 2020 година во однос на приходите од редовно работење во периодот април – септември 2019 година, и/или даночниот обврзник да затворил најмалку 50% од продажните места преку кои го остварува прометот (подружници, продажни објекти).

За остварување на правото, даночните обврзници поднесуваат Барање за ослободување од плаќање на месечните аконтации на данокот на личен доход остварен од вршење на самостојна дејност(образецот ДЛД-ОМА/1) до Управата за јавни приходи, најдоцна до 5-ти наредниот месец за месецот за кој што обврзникот бара ослободување од плаќање на месечните аконтации на данокот на личен доход остварен од вршење на самостојна дејност за месеците ноември и декември 2020 година, како и за јануари и февруари 2021 година.

Поднесувањето на барањето се врши преку системот е-Персонален данок https://e-pdd.ujp.gov.mk, а комплетното барање го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од 10 дена од денот на доставувањето на барањето. Поднесувањето на барањето за месец ноември ќе биде дозволено заклучно со 14.12.2020 година.