Известување од УЈП до фирмите
Обврската се однесува на плаќањето месечна аконтација на данокот на добивка.
Управата за јавни приходи ги известува фирмите дека до 15 септември (15 дена по истекот на секој календарски месец) имаат обврска да платат месечна аконтација на данокот на добивка, доколку не се правно лице со посебен даночен статус (заштитно трговско друштво, стопанска единица на казнено-поправна установа или корисник на технолошка индустриска развојна зона), а истовремено немаат обврска да достават образец „МДБ“ (месечен даночен биланс) за извршена пресметка на месечните аконтации на данокот на добивка.