/ Прочитано:

1.488

Известување од УЈП за непрофитните организации и странските фирми

Исто така, до 30 јуни странските фирми можат да бараат враќање на ДДВ на образец „ДДВ-11“, ако немаат фактичко седиште, подружница или постојано живеалиште или престојувалиште во Р Mакедонија, ако ги исполнуваат законските услови за враќање на ДДВ и ако се даночни обврзници за целите на ДДВ во друга земја која има однос на реципроцитет за ДДВ со Република Македонија.

????????????????????????????????????

Управата за јавни приходи известува дека до 30 јуни на непрофитните организации им се одобрува враќање на данокот за прометот на добра и за увозот реализиран спрема нив, доколку ги исполнуваат законските услови за враќање. Непрофитните организации може да бараат враќање на ДДВ со поднесување на образецот „ДДВ-12” до даночната канцеларија на УЈП или по електронски пат преку https://etax-fl.ujp.gov.mk/

Имено, според членот 47 од Законот за данок на додадена вредност, на непрофитните организации им се одобрува, по барање, враќање на данокот за промет на добра и за увозот реализиран спрема нив под следниве услови:

  1. прометот или увозот да не биле ослободени од данок;
  2. данокот на додадена вредност за извршениот промет на добра мора да е посебно искажан во фактурата, во смисла на членот 53 на Законот, и да бил платен со плаќањето на купопродажната цена;
  3. данокот долгуван за увозот мора да е платен и
  4. добрата мора да се пренесени во странство и таму да се користат за хуманитарни, добротворни или образовни цели.