/ Прочитано:

1.762

Известување од УЈП за пријава на ДДВ

ДДВ-пријавата се поднесува и во случај кога даночниот обврзник во соодветниот даночен период нема извршено оданочив промет.

УЈП лого

Управата за јавни приходи известува дека граѓаните и фирмите кои вршат стопанска дејност и кои се месечни даночни обврзници задолжително треба да поднесат даночна пријава „ДДВ-04” по електронски пат преку е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk

ДДВ-пријавата се поднесува во рок од 25 дена по истекот на соодветниот даночен период.

ДДВ-пријавата се поднесува и во случај кога даночниот обврзник во соодветниот даночен период нема извршено оданочив промет.

Во случај на престанок со вршење на дејност, даночниот обврзник е должен да поднесе даночна пријава во рок од 25 дена по истекот на календарскиот месец, во кој престанал со дејноста.

Даночните должници кои неовластено искажале ДДВ во фактурите должни се да поднесат ДДВ-пријава за оној даночен период за кој настанал даночниот долг.

Ваква обврска имаат и даночните должници кои не се регистрирани за целите на ДДВ, а кои се јавуваат како приматели на добра или корисници на услуги за промет кој е извршен од даночните обврзници кои немаат ниту седиште, ниту подружница во Република Македонија.