/ Прочитано:

767

Известување за почеток на процесот за подготовка на Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку ЕНЕР известува за почеток на процесот за подготовка на Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште.

Со Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија” бр. 135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13, 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15, 7/16, 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ 161/19 и 178/21) се уредува користењето, располагањето, заштитата и пренамената на земјоделското земјиште како добро од општ интерес за Републиката кое ужива посебна заштита.

Предлог-законот се заснова на истите цели како и Законот за земјоделското земјиште: рационално користење на земјоделското земјиште; заштита на земјоделското земјиште; и обезбедување на правна сигурност на корисниците на земјоделското земјиште во државна сопственост под закуп. Со предложените измени и дополнувања во законот ќе се овозможи да се создадат законски претпоставки за спроведување на Законот за земјоделското земјиште, да се подобри ефикасноста на постапката користење и располагање со земјоделското земјиште во државна сопственост.

Временската рамка за изготвување на предлог-законот е од 20.10.2022 до 18.11.2022 година.

Засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР на www.ener.gov.mk.