Известување за почеток на процесот за подготовка на Закон за климатска акција
Министерството за животна средина и просторно планирање преку ЕНЕР известува за почеток на процесот за подготовка на Закон за климатска акција.
Со овој закон се уредува воспоставувањето на рамка за климатска акција за намалување на емисиите на стакленички гасови во атмосферата и отстранување по пат на природни и други апсорбенти, како и адаптација кон климатските промени.
Целта на Законот е зголемување на напорите за зајакнување на глобалниот одговор кон заканата од климатските промени, воспоставување механизми за следење и известување неопходни за навремено, транспарентно, точно, конзистентно, споредливо и комплетно известување и верификација на информации за специфицирани антропогени емисии на стакленички гасови по извори и отстранување преку апсорбенти, како и преземање на акции за адаптација кон климатските промени, воспоставување политики, планирање и преземање на административни мерки.
Временската рамка за изготвување на предлог-законот е од 27.12.2022 до 30.06.2023 година.