Известување за работодавачите од УЈП
Управата за јавни приходи известува дека најдоцна до 10-ти во месецот, работодавачите треба да поднесат месечна пресметка за интегрирана наплата - образец “МПИН” за задолжителни социјални придонеси и ПДД (Персонален данок на доход) од плати за изминатиот месец.
Пресметката за плата обврзникот е должен да ја достави до Управата за јавни приходи во електронска форма (преку е-пошта или на електронски медиум), со задолжително користење “Софтверот за месечна пресметка за плата, придонеси и персонален данок“.
Податоците, исто така, можете да се достават и на електронски медиум (дискета, ЦД…) до Регионалната дирекција/Даночното одделение/Даночниот шалтер на УЈП според седиштето на обврзникот за пресметка и уплата на придонеси и персонален данок.
Обврзник кој има повеќе деловни единици (подружници) доставува само еден електронски oбразец МПИН, со податоци за вработените од сите деловни единици (подружници).