/ Прочитано:

1.867

Јанева со дел од тимот на семинар: „Финансиски истраги и меѓународна соработка“

Среда, 25 ноември 2015 – На 23 и 24 ноември 2015 година, Јавниот обвинител на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, Катица Јанева, заедно со јавните обвинители Љубомир Лапе, Марија Горгева и Бурим Рустеми и истражителот Атанас Гинев, учествуваа на семинар на тема: „Финансиски истраги и меѓународна соработка“, информираат од Специјалното обвинителство.

Семинарот се одржал под покровителство на Амбасадата на САД и во Подгорица.

„На семинарот се дискутираше за новата регулатива во областа на финансиските истраги, идентификацијата на сомнителните трансакции и соработката со финасиските институции, меѓуинституционалната соработка, меѓународните и регионални искуства во финансиските истраги и искуствата на Црна Гора во финансиските истраги“, се вели во соопштението.