Јанева вели дека не ја злоупотребила должноста
Во просториите на Специјалното јавно обвинителство денеска на јавноста ѝ се обрати обвинителката Катица Јанева, која минатиот понеделник си даде оставка и која се поврзува со случајот „Рекет“.
Во своето обраќање Јанева негираше вмешаност во случајот и посочи дека како и многу личности и таа се познавала со осомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, и дека не криела дека нејзиниот син работел во „1 ТВ“ и дека на дневна основа комуницирал со Јовановски.
Таа додаде дека името ѝ било злоупотребувано и дека за конкретниот случај очекува транспарентна постапка. За своето непојавување во јавноста во врска со случајот рече дека не сакала да остави впечаток дека се меша во истрагата.
„Најодговорно тврдам дека ниту свесно, ниту несвесно не сум ја злоупотребила должноста која сè уште ја извршувам“, истакна Јанева, која ги охрабри правосудните институции да го расчистат случајот.
„Да се стави крај на сите неофицијални информации со кои некој се обидува да им наштети на мојата чест и угледот“, истакна Јанева, која повторно ги образложи причините за нејзината оставка.
ЈО: Пронајден е вториот мобилен телефон на Катица Јанева
М.В