Јанкуловска: Убиството не е извршено со пронајденото оружје
Понеделник, 7 мај – Заврши вештачењето на целокупното запленето оружје од акцијата Монструм. МВР сеуште го нема оружјето со кое е извршено убиството. Министерката потсети дека судот треба да ги цени доказите, а не јавноста и поедници.
“Во однос на вештачењата што досега ги спроведовме оружјето кое беше пронајдено при претресите, не се потврди дека е оружје со кое е извршено кривичното дело. Јас и претходно кажав и сега ќе повторам дека имаме доволно материјални докази за кои обвинителот потврди дека се квалитетни врз основа на кои може да се формира обвинителен акт и врз основа на кои осомничените ги товариме за кривично дело “тероризам“. Се разбира дека судот е тој што треба да ги цени доказите, а не јавноста и поединците. Да оставиме простор, судот да ги разглед а доказите кои ги понудивме и да одлучи по однос на конкретната пријава“, изјави денеска министерката Јанкулоска.