/ Прочитано:

3.482

Јавен повик за пријавување на кандидати за полагање испит за инспектор

Право на учество на јавниот повик имаат кандидатите што по дипломирањето имаат најмалку пет години работен стаж во соодветната област на инспекциската служба.

Инспекцискиот совет упати јавен повик за пријавување на кандидати за полагање испит за инспектор за 2016 година

Инспекциски совет го спроведува испитот и ја издава лиценцата за инспектор.

Испитот ќе се одржи во просториите на АССЕКО на ул. „Христо Смирненски“ бр. 30, во просторија за полагање стручен испит, посебно опремена со материјално-техничка и информатичка опрема, со интернет-врска и со опрема за снимање на полагањето.

Првата испитна сесија за 2016 година ќе се одржи во периодот од 15 март до 21 април.

Инспекцискиот совет најмалку 8 дена пред одржувањето на испитот преку веб-страницата на Инспекцискиот совет и Јавниот радиодифузен сервис ќе ги информира кандидатите и јавноста за датумот и времето на полагање на испитот.

Право на учество на јавниот повик имаат кандидатите што по дипломирањето имаат најмалку пет години работен стаж во соодветната област на инспекциската служба.

На следниов линк можете да ги погледнете сите области за кои ќе се спроведува испит за инспектор.