/ Прочитано:

681

Јавен повик за учество на XXIII Ораторска вечер „Иво Пухан“

Организацискиот одбор на Ораторската вечер „Иво Пухан” објавува јавен повик за учество на XXIII Ораторска вечер „Иво Пухан”.

„Сите заинтересирани за учество на XXIII Ораторска вечер ‘Иво Пухан’ се поканети на средба на учесниците, која ќе се одржи во  среда (6.11.2019) во 12:00 часот во Салата за состаноци на Правниот факултет ‘Јустинијан Први’ во Скопје.

Повикот е отворен за студенти од сите три циклуси студии на Универзитетот ‘Св. Кирил и Методиј’“, соопштуваат од Правниот факултет „Јустинијан Први“.

Традиционалните ораторски вечери на Правниот факултет „Јустинијан Први“ го носат името на професорот по римско право д-р Иво Пухан, основач на Катедрата за правно-историски науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“.

М.В