/ Прочитано:

1.271

Јавен повик за учество на XXIV Ораторска вечер „Иво Пухан“

Правниот факултет „Јустинијан Први“ објавува јавен повик за учество на XXIV Ораторска вечер „Иво Пухан”. Повикот е отворен за студенти од сите три циклуси на студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, соопштуваат од Правниот факултет „Јустинијан Први“.

Традиционалните ораторски вечери на Правниот факултет „Јустинијан Први“ го носат името на професорот по римско право д-р Иво Пухан, основач на Катедрата за правно-историски науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“.