/ Прочитано:

1.046

Jавен повик за учество во програма за практикантска работа на млади правници

Македонско здружение на млади правници (МЗМП), во рамки на проектот “Зајакнување на професионализмот, компетентноста и интегритетот на младите правници во Македонија” поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје објавува јавен повик за учество во Програма за практикантска работа на млади правници. Програмата има за цел континуирана едукација на младите правници и зајакнување на нивните капацитети.

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО:

  • Завршени три години правни студии (стекнати 180 кредити);
  • Интерес во областа на заштита на човековите права;
  • Основно познавање на англиски јазик.

Од практикантите се бара подготвеност да се обврзат на учество во текот на целокупното траeње на практикантската работа во циклусот од три месеци, од 15ти септември до 15ти декември 2021 година.

Во периодот од 15ти септември до 15ти декември 2021 година, Програмата ќе ги опфати следните градови: Скопје, Битола, Прилеп, Охрид, Куманово, Велес и Тетово.

За учесниците на програмата е предвиден фиксен месечен надоместок.

МЗМП ги повикува сите заинтересирани млади правници (вклучувајќи ги и студентите на постдипломски студии по право) да испратат свое резиме/CV и да испратат пополнет формулар (во продолжение), на електронската адреса amarkovska@myla.org.mk или на ул. Донбас бр.14 1/6, 1000 Скопје, најдоцна до 03.09.2021 година.

Програмата се спроведува во соработка со судовите во Република Северна Македонија, Народниот правобранител, Kомисијата за спречување и заштита од дискриминација, граѓански организации  и адвокатски канцеларии. Предвидено е секој учесник да помине три месеци практикантска работа во една институција (изборот на институцијата го определува Комисија за избор на практиканти формирана од Управен одбор на МЗМП).

Дополнително, покрај практикантската работа учесниците задолжително посетуваат една дводневна обукa на следните теми:

  1. практични правни вештини и основни етички вредности на правната професија
  2. вештини за барање на работа во правната професија и
  3. сензибилизацијa

МЗМП е невладина организација, формирана со цел зајакнување на придонесот на младите правници во унапредување на правничката професија, заштита на човековите права и слободи и унапредување на принципот на владеење на правото во Република Северна Македонија преку учество и работа на конкретни проекти. Во своето работење МЗМП става посебен фокус на континуирана едукација на младите правници.

Сите избрани кандидати кои што ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани.

Формуларот за пријавување може да го преземете на: Формулар за пријавување

Повеќе за повикот на следниот линк.