Јавна дискусија за законските измени за административните службеници и за вработените во јавниот сектор
Министерството за информатичко општество и администрација денеска, со почеток во 12:00 часот во Клубот на пратеници, организира јавна расправа за измените на Законот за вработените во јавниот сектор и на Законот за административни службеници.
На јавната расправа ќе учествуваат министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, директорот на Агенција за администрација, Спасе Глигоров, и Билјана Николовска-Жагар, државен советник за јавна администрација во МИОА.
„Со измените на Законот за административни службеници се поедноставуваат постапките за вработување и унапредување на административните службеници, постапката за утврдување на дисциплинската и материјална одговорност и се врши корекција на системот за управување со ефектот, со цел надминување на слабостите на постојниот систем“, се вели во законското образложение на измените, чиј текст може да се погледне на следниот линк.
„Со измените на Законот за вработените во јавниот сектор се вршат интервенции во опфатот и класификацијата на работните места во јавниот сектор, се доуредуваат постапките за вработување, унапредување, управување со ефектот и дисциплинската одговорност на вработените во јавниот сектор и се вршат суштински измени кај постапките за мобилност и изготвувањето на годишните планови“, се вели во законското образложение на измените, чиј текст може да се погледне на следниот линк.
Во врска со реформите во јавната администрација, минатата недела се одржа и 9. состанок на Специјалната група за реформа на јавната администрација.
Со состанокот претседаваа министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, и Дејвид Кален од Генералниот директорат за добрососедски односи и проширување при Европската комисија.
На состанокот се зборуваше за напредокот во клучните области од принципите на јавната администрација: стратешката рамка за реформа на јавната администрација, вклучувајќи ја и програмата за реформи во управувањето со јавни финансии, управувањето со човечки ресурси, развојот на политики и координација, испораката на услуги, како и за отчетноста и транспарентноста на јавните институции.
Советот за реформа во јавната администрација: Активностите за реформи се континуирани
Дилеми за трансферот од јавна администрација во приватниот сектор
Конференција за реформите на јавната администрација по јунскиот Европски совет
Во подготовка измени на законите за административните службеници и за вработените во јавниот сектор
Заклучоци во врска со Извештајот за Стратегијата за реформа на јавната администрација
Презентација на Извештајот за Стратегијата за реформа на јавната администрација
Граѓаните се жалат на долгото траење на процедурите во администрацијата
Измените на Законот за вработените во јавниот сектор пред Законодавно-правната комисија
Годишен извештај и препораки на Агенцијата за администрација
Јавна расправа за Законот за висока раководна служба
М.В