/ Прочитано:

1.595

Јавна опомена од Антикорупциска за тројца советници во општини поради кумулација на функции

Државната комисија за спречување на корупцијата, постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси, констатирала состојба на судир на интереси поради кумулација на функции кај лицата Неџат Исмаили, Шукрија Туфекџиоски и Ристо Јошев.

????????????????????????????????????

Советници во три општини во Македонија добија јавна опомена од Државната комисија за спречување на корупцијата поради повреда на Законот за спречување на судир на интереси, информираат од Антикорупциска.

Државната комисија за спречување на корупцијата, постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси, констатирала состојба на судир на интереси поради кумулација на функции кај лицата Неџат Исмаили, Шукрија Туфекџиоски и Ристо Јошев.

Неџат Исмаили истовремено со функцијата член на Советот на Општина Маврово и Ростуше, на која е избран на Локалните избори одржани 2013 година, ја извршувал и функцијата управител на трговско друштво – Друштво за производство, трговија, угостителство, транспорт, градежништво и услуги „БАБЕ КОМЕРЦ Н.И.“ ДООЕЛ, експорт-импорт с. Жировница, Маврово и Ростуше.

Шукрија Туфекџиоски, член на Совет на Општина Кичево, направил повреда на членот 9 во врска со членот 3 став 1 алинеја 5 од Законот за спречување на судир на интереси, бидејќи за управител на трговското друштво – Друштво за трговија, производство и услуги Шукрија Туфекџиоски „ШУКО ГРОС“ ДООЕЛ увоз -извоз Кичево ја назначил Ајтен Туфекџиоски, која, според Законот, е блиско лице.

Ристо Јошев, член на Советот на Општина Росоман, исто така, ставил блиско лице, односно Јана Јошева, за управител на трговското друштво – Друштво за трговија и услуги „РИА“ ДООЕЛ увоз-извоз Росоман.

Постапувајќи во согласност со одредбите од Законот за спречување на судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба на судир на интереси, Државната комисија за спречување на корупцијата, во смисла на членот 23 став 1 од Законот за спречување на судир на интереси, лично се обратила до наведените службени лица со барање во рок од 15 дена да се откажат од извршување на една од двете функции кои истовремено ги извршуваат.

Исмаили, Туфекџиоски и Јошев не постапиле по барањето на Државната комисија, поради што Комисијата донела одлука на овие лица да им изрече мерка јавна опомена.